Бјорк слави 20 години кариера со книга

28 ноември 2014

Почетокот на 2015 година за екстравагантната музичка  дива со потекло од Исланд ќе има мошне ефективен старт. Покрај ретроспективната изложба во музејот МоМА по повод дваесетте години кариера, Бјорк своите обожаватели ќе ги изненади и со книга која на креативен начин го раскажува нејзиниот живот и работа.

Публикација на книгата ќе биде на истиот ден на отворањето на изложбата. Во книжевното издание обожавателите ќе можат да ги прочитаат нејзините мемоари, филозофски и поетски текстови, но ќе имаат и ексклузивна можност да погледнат и фотографии кои досега не биле објавени. Книгата ќе биде официјално пуштена во продажба на 30 – ти март наредната година.

На 7 – ми март, пак е закажана изложбата во музејот МоМА во Њујорк на која низ уметнички инсталации, визуелни шоуа, 3D анимации ќе бидат прикажани костими од нејзините настапи, портрети, како и ремек дела изработени од Александар Меквин. Изложбата треба да ги претстави дваесетте години чудна креативност на пејачката која критиката ја рангираше на листата за вонсериски вокали.

Објавено:
28 ноември 2014
Категорија: 
Култура