Ретроспектива на 20 годишната кариера на Бјорк

20 јуни 2014

Во март 2015 година во музејот на современа уметност во Менхетен Њујорк ќе биде отворена изложба посветена на испандската сензација Бјорк. Проектот е дело на Клаус Бизенбах, според кого делата на пејачката претставуваат многу повеќе од музички правец. Бјорк е позната по експерименталните соработки со артисти, дизајнери и фотографи, саундтракот за „Dancer in the night“ за чија потреба пејачката направи видео запис со песната „The dull flame of desire“, кој беше снимен од аматери, но сепак секој нејзин чекор и видео запис претставуваат уметнички перформанс.

Сите заинтересирани посетители ќе имаат можност одблиску да се запознаат со делата на Бјорк сублимирани од 20 годишната кариера. Изложбата нуди фотографии, костуми, видео записи, музички инструменти и сите нејзини албуми – со првиот албум „Debut“ во 1993 година, па се до последниот албум „Biophilia“ во 2011 година.

Објавено:
20 јуни 2014
Категорија: 
Култура