Бијонсе маскирана на насловната на Interview

25 ноември 2014

На насловната страна на посебното колекционерско издание на магазинот Interview Germany се најде маскираниот лик на поп ѕвездата – Бијонсе.

Бијонсе работи со полна пареа, а потврда за тоа се двете награди кои ги освои на Американските музички награди кои се одржаа пред два дена, каде пејачката се закити признанијата за најдобар женски соул – R&B изведувач и најдобар женски соул - R&B  албум на годината. Во саботата го промовираше новиот видео запис за песната 7/11, а во медиумите излезе и уште еден музички хит „Ring off“. Најновите вести кои доаѓаат директно од „централата“ на оваа мегаѕвезда е нејзиниот нов едиторијал и насловната страна за германското издание на списанието Interview.

Колекционерското издание за декември 2014 и јануари 2015 на својот ковер има црно – бела фотографија со Бијонсе која носи мрежеста маска, а единствениот видлив дел на нејзиното лице се очите. Кадрите ги изработи фотографот Мејсон Пул кој беше инспирирана од книгата „On the run“ што Бијонсе ја промовира на нејзините актуелни турнеи, заедно со сопругот Џеј Зи. Списанието излегува во продажба утре 26 - ти ноември и ќе биде достапно низ целиот свет.

Објавено:
25 ноември 2014
Категорија: 
Актуел