Чикаго слави Ден на Дејвид Боуви

18 септември 2014

Градоначалникот на Чикаго донесе одлука од која 23-ти септември ќе се слави како ден на легендарниот пејач Дејвид Боуви.

Тој ден во Музејот на современа уметност ќе биде отворена иложба посветена на големата музичка и модна икона. Градоначалниот Рахман Емануел од оваа година датумот го постави ќе го постави како традиција.

-Боуви е личност што придонесе многу за музиката, културата, верата, модата и дизајнот. После толку голем импакт тој навистина заслужува „свој ден“, гласи официјалното соопштени на градоначалникот на Чикаго.

Изложбата насловена „Дејвид Боуви е...“ своето деби во Америка ќе го има првин во Чикаго, а потоа и во Лондон, Берлин и Сао Паоло. Посетителите ќе имаат множност да погледнат повеќе од 300 предмети од личната архива на Боуви, оригинални костими, фотографии и омоти од албуми.

Објавено:
18 септември 2014
Категорија: 
Култура