Чиста околина, Кирил Џајковски, Ван Гог и уште многу атрактивни имиња на Skopje Beer Fest 2019

11 септември 2019

Чиста околина, Кирил Џајковски, Ван Гог и уште многу атрактивни имиња на Skopje Beer Fest 2019
Од 12-ти до 15-ти септември на стадионот на АРМ во Градски парк ќе се одржи Skopje Beer Fest – за прв пат во организација на „Пасворд продукција" и Град Скопје со четиридневна програма, многу пиво и бесплатен влез за време на целиот фестивал.

Атрактивната програма на овогодишното издание на Skopje Beer Fest е целосно комплетирана и се очекува со ова издание Скопје конечно да добие респектабилна пиво манифестација.
Првата фестивалска вечер на 12-ти септември е резервирана за врвниот уметник на македонската музичка сцена Кирил Џајковски и миленичката на публиката TK Wonder и вокалистот Lion D, а посетители ќе уживаат и во настапот на едни од најголемите и најдобрите live изведувачи, Дубиоза Колектив од Босна и Херцеговина. Како и еден од најголемите македонски автори Горан Трајкоски, аудиовизуелниот спектакл на диџеј дуото Diskobajagi и стонер-рок бендот Палиндром.

На петок 13- ти ќе го разбиваме малерот со настапот на Д-р Неле Карајлиќ, легендата на „Топ листа надреалиста" и „Забрањено пушење", а за прв пат пред скопската публика и хип-хоп дуото од Црна Гора Who See. Љубителите на пиво и музика ќе имаат можност да ги ја видат и ултра популарна и провокативна трап банда MVR SVR (Bon Praskiza, Prince$$ Donatsu, Donplaya), најпознатиот реге бенд кај нас Conquering Lion и нивните сограѓани Këpurdhat, чија музика знае да приреди уникатни доживувања.

Третата фестивалска вечер, 14-ти септември ќе ја отвори виртуозот на трубата – маестрото Џамбо Агушев со неговиот оркестар, а присутните нема да останат рамнодушни ниту на хитовите на мега популарниот српски бенд S.A.R.S. Пионерите на македонската рап-култура Чиста Околина, после долги години ќе настапат во живо со цел бенд на овогодишниот Skopje Beer Fest. За 8-ми Септември го испромовираа и новиот сингл „Чиста пропаганда", снимен заедно со најдобриот алтернативен македонски бенд Bernays Propaganda. На сцената ќе застанат и амбициозните и секогаш позитивните ZeeBomb и предводниците на битолската рок панк сцена Паркети.

 

Последната фестивалска вечер, 15-ти септември, ќе настапи најпровокативниот и култниот рокенрол бенд Let 3, џипси-ска бендот Baildsa, а фестивалот ќе го затвори српскиот рок-бенд Ван Гог со старите хитови и промоција на новиот албум „Море без обале".

Годинешново издание на Skopje Beer Fest е во организација на Град Скопје и „Пасворд продукција" и самиот фестивалски концепт има за цел да ги промовира македонските и интернационалните брендови на пиво, да ја зајакне пивската култура во Македонија и да создаде пивски-бренд фестивал на локално и регионално ниво. Освен тоа фестивалот ја отвора можност за зголемена продажба и промоција на сите пивски брендови во Македонија, како и промоција на Скопје како град на љубителите на пивото.

 

Поради одржување на Skopje Beer Fest, кој почнува во четврток, 12-ти септември и ќе трае до 15-ти септември на улиците околу Стадионот на АРМ и Градскиот парк ќе има забрана и ограничување на сообраќајот.
На посетителите на Skopje Beer Fest за прв пат од оваа година ќе им се овозможи ALL YOU CAN DRINK картичка. Истата ќе ваши само на Скопско VIP тераса каде може да се консумираат пијалаци во текот на целата вечер. Еднодневниот VIP PASS важи само за едно лице и може да се најде на тикет сервисот на MK Tickets.

Објавено:
11 септември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
374 пати