Белите патики се задолжителни моден додаток во текот на топлата летна сезона. Верситалноста на оваа обувка ѝ дозволува совршено да се искомбинира со различни парчиња облека, а современите трендови се доказ дека е таа е одличен избор при стилизирање на разни модни изгледи, без разлика на стилот на личноста.
Како дел од спортски аутфит, лежерни комбинаиции со маичка и фармерки, кошула и шпрцеви, или пак во спој со кратко здолниште, романтичен фустан, денес речиси и да не постојат граници за тоа како белата патика може да се искомбинира. Затоа и не е чудо што секој од нас е сопственик на барем еден пар бели патики.
Но, секоја прекрасна бела патика носи одредена доза на фрустрација со себе. Можеби белата обувка е во тренд, но валканите дамки и сивилото од уличната прашина, дефинитивно не се во тренд. Се чини дека една од најтешките нешта е да се одржат белите патики бели! Зависно од нивниот материјал, осстранувањето на дамките може да биде лесно како едноставно поминување со влажна марамица, но може да бара и покоплексни начини на чистење или пак перење во машина.
Како сите, така и ние, неретко се справуваме со овој проблем, па затоа сакаме да споделиме неколку трикови со вас. Чиста патика, долга љубов.
- Помалите гребнатинки можете да ги покриете со бел лак, но за да не нанесете предебел слој, нанесте го лакот со крпа или марамче.
- Пастата за заби може да направи чуда за гумените ѓонови - втријте ја пастата на критичните места со стара четка за заби.
- За да ги исчистите тврдоглавите ронки од излупената кожа, користете гума за бришење. Само внимавајте - агресивно триење може да остави дополнителни траги кои ќе останат видливи на белата кожа.
- За некои кожни чевли, неопходно е да се придржувате до основната хигиена, која вклучува редовно обложување со проѕирен лак за чевли за да ги заштити од дожд и други неповолни временски услови.
- Белилото може да биде делотворно за некои тврдоглави дамки. Измешајте го со вода во сооднос 1:5 и исчистете го критичното место со стара четка.