Со оглед на тоа дека температурите се над просекот за ова време од годината, веруваме дека повеќе од вас сè уште не ги спакувале кожните јакни. А и ако планирате тоа да го сторите наскоро и притоа ќе сакате да ја исчистите од нечистотиите, советите во продолжение ќе ви бидат од корист:
View this post on Instagram
Отстранување мрсни дамки
...и притоа мислиме најмногу да делот на околувратникот и ракавите. Погледнете ги добро овие делови од јакната и ако забележавте дамки, послужете се со некој од триковите:
-Гума за бришење: добар сојузник во бришење на дамките од околувратникот. Избришете го овој дел од накната, а потоа поминете нежно со стара четкичка за заби (влакненцата нека не бидат премногу груби, да не ја оштетите кожата).
-Бебе пудра“: Истурете малку пудра врз дамката, оставете да делува макар 10 минути а вишокот на пудрата отстранете го со четкичка за заби. Ако дамките се длабински, тогаш чистењето оставете го на професионалци.
View this post on Instagram
Дамки од пот
-Сода бикарбона: Нежно тријте ја дамката со влажна крпа претходно навлажнета во раствор со сода и вода. Или пак, поминете го местото со влажна крпа, а потоа ставете сода и оставете да отстои неколку часа или преку ноќ, а потоа пребришете ја јакната со мека крпа или со хартиени бришачи.
Останати дамки
View this post on Instagram
-Паста за заби: На дамката нанесете многу мало количество паста за заби, но внимавајте да не е гел паста. Земете мека крпа и нежно тријте сè додека дамката не исчезне. Не претерувајте со триењето, за да не го оштетите површинскиот слој на кожата. Остатокот од пастата отстранете го со чиста и влажна крпа.
-Медицински алкохол: Ако на јакната забележите мувла, во тој случај помешајте малку медицински алкохол и вода во размер од 1:1. Натопете ја крпата во течноста и добро исцедете, а потоа пребришете го саканиот дел. Со друга влажна крпа повторно пребришете го истото место. Потоа нанесете соодветен омекнувач за кожа, за да спречите исушување и пукање на кожата, а со тоа ќе ја направите и малку поотпорна на идни дамки. Ако немате такво средство дома, направете го сами. Помешајте оцет и ленено масло во размер 1:2. Нанесете го на кожата и чекајте 15 минути, а потоа полирајте со чиста крпа, додека кожата не стане сјајна.