„The Crown“ ќе добие нова верзија: Ќе се снима серија и за шведското кралско семејство

9 февруари 2021

Серијата „Круна“ (The Crown) која го прикажуваше животот на британското кралско семејство, беше огромен хит и покрај тоа што од Бакингемската палата не се согласуваа со нештата опишани и прикажани таму.

Сега пак, се зборува за шведска верзија, односно за серија која ќе го следи животот на шведското кралско семејство.

Како пренесуваат странските медиуми, серијата се' уште нема официјален наслов, но планирано е да се прикажува во неколку сезони. 

„Секоја од сезоните би имала по шест епизоди во времетраење од 45 мунути“, велат продуцентите на серијата, шведската телевизија ТВ4, „стриминг сервис С“ и продуцентската куќа „Филмланс“.

„Кралиците и кралевите на останатите држави влијаеја на светските случувања, а историјата на нашиот крал е нешто поинаква. Меѓунардоно не е толку важен, но без оглед на тоа, се работи за драматичен и фасцинантен живот“, вели сценаристката Аса Лантц, која воедно беше и авторка на биографската серија „Селма“ за првата добитничка на Нобеловата награда за книжевност, Селма Лагерлоф“.

На прашањето дали нејзиниот пристап ќе биде сличен со британската верзија на серијата, или пак норвешката, за кралското семејство во егзил за време на Втората светска војна, Лантц вели:

„Двете серии зборуваат за тоа на кој начин нивните владетели влијаеле на случувањата во светот. Во Шведска е спротивно, општеството е тоа што го промени кралското семејство.

Таткото на Карло XVI Густав умира во авионска несреќа кога неговиот син има само девет месеци. Во 1973 година, кога има 27 години, го наследува престолот од дедо си. Три години подоцна ќе се ожени со Германката Силвија Сомерлат, која ќе ја запознае на Олимписките игри во Минхен.

Шведскиот весник „Dagens Nyheter“ пишува дека шведската палата е запознаена со плановите за снимањето на серијата.

Новинарот Томас Сјоберг во 2010 година објави книга во која открива како во младоста шведскиот крал бил чест гостин на секс-забавите организирани во ноќен клуб во Скокхолм, во сопственост на поранешен мафијаш Мили Маркович, а после секоја посета, тајната полиција требала да се погрижи да не останат никакви докази дека тој навистина бил таму.

 

Во книгата исто така пишува дека потрошил и 10.000 долари во стриптиз бар во Атланта за време на престојот таму за време на Олимписките игри 1996 година, но и сите детали за аферата која го тресеше семејството кон крајот на 90-тите, кога имал афера со шведско-нигерската поп ѕвезда Камила Хенемарк.

Според пишувањата на Сјоберг, кралицата знаела за сето тоа, но едноставно била немоќна. Сепак, кралот Карло не бил единствениот кој се соочил со проблеми. Неговата сопруга преживувала вистинска драма откако во јавноста бил пуштен документарен филм во кој се тврди дека нејзиниот татко Валтер Сомерлат бил член на нацистичката партија за време на нивното живеење во Бразил, благодарение на што и успеале да се збогатат и вратат во Германија во текот на Втората светска војна. 

Кралицата Силвија изјавила дека нејзиниот татко се приклонил кон партијата од една единствена причина - неговото семејство да биде сигурно - без било какво политичко инволвирање.

Очигледно дека тимот кој работи на серијата има и повеќе од доволно материјал за да направи серија, која веќе буди инстерес во јавноста.

Датуми за премиерата се' уште нема, но постојат шпекулации дека би можеле да ја гледаме веќе кон крајот на годинава.

Објавено:
9 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
193 пати