Црвенокосите добија свој фестивал во Англија

2 јули 2015

Untitled

Оваа година Данците го прославуваат 10-тото издание на Roodhairgendag, фестивал, посветен на црвенокосите луѓе. Но, она што е уште поважна вест е дека црвенокосите ќе добијат свој фестивал и во Англија. Оваа земја ќе биде домаќин на првото издание, кое ќе се одржи наредната година.

Иницијаторот на оваа манифестација е 43-годишниот Стјуарт Пери, инаку доставувач на пица.

-Се надевам дека се приближуваме кон времето кога заплашувањето на црвенокосите, како и плашењето од нив е готово. Кога бев помлад и кога ќе излезев во клуб, ми се случуваше да ми пријдат дами и да ми кажат: „Твојата коса е прекрасна, каде можам да најдам таква?“ – вели Пери.

Стјуарт Пери Стјуарт Пери

Тој додава дека фестивалот најверојатно ќе се одржи наредната година во летните месеци, но прецизниот датум ќе се дознае наскоро. Во рамки на фестивалот се планираат и разни активности, како избор на најдобра црвена брада, интересна музичка програма.

Но, фестивалот на црвенокосите не значи дека останатите луѓе со руса, црна, бојадисана коса и различни фризури не можат да присуствуваат.

Пери вели дека можат да дојдат сите што се за антидискриминирачка забава. За почеток, ќе бидат лоцирани на простор што собира околу 200 луѓе, но се надеваат дека во иднина, откако фестивалот ќе добие и медиумска застапеност, ќе се преселат и на поголемо место.

Објавено:
2 јули 2015
Категорија: 
Култура