„Да ги одмориме даските“ - Три години Театар Комедија

29 март 2015

Под мотото „Да ги одмориме даските“, популарниот Tеатар Комедија во петокот, на Светскиот ден на театарот  го прослави својот трет роденден.

Одличната млада актерска екипа под „диригентската палка“ на директорката Јелена Жугиќ, генијалните претстави и публиката гладна за насмевки и хумор, го направија овој млад театар еден од најуспешните во нашата држава.

Во својата матична куќа, театарот го одбележа својот трет роденден во друштво на комплетната актерска екипа, но и целио тим кој стои зад сцена, како и најверната публика која овие три години имаше можност до солзи да се смее на: една од најнаградуваните и најпопуларни претстави „Стјуардеси“, „Лет над кандидатското гнездо“, „За секого има по една“, „Ах, љубов моја“ како и „Лисистрата“,  една од оние престави кои возбудуваат не само со актерската игра, туку и со комплетната костимографија за која беше задолжена модната куќа Елена Лука и направи вонсериски сценски костими кои сами по себе ја раскажуваат вечната тема на оваа претстава.

Сцена од претставата „Лисистреата“, костимографија потпишана од Елена Лука Сцена од претставата „Лисистреата“, костимографија потпишана од Елена Лука

Свое обраќање до присутните гости и до својот тим имаше и директорката на театарот, актерката Јелена Жугиќ, која и во оваа пригода носеше впечатлива креација на Елена Лука во духот на пролетта, опсипена со ситни цветови врз основа на повеќеслоен црн тул.

Јелена Жугиќ на прославата, во креација на Елена Лука Јелена Жугиќ на прославата, во креација на Елена Лука

Од аспект на досегашната работа на Театар Комедија, она што нам како редакција ни остави најголем впечаток во однос на костимографијата, беа тематските сценски костими за претставата „Лисистрата“ со потпис на Елена Лука, преку кои истовремено беше направен генијален спој минатото и современото живеење, женственоста и сексапилот, машкоста и моќта, уметноста и практичноста која е исклучително значајна во оживувањето на театарскиот лик на сцена.

Среќен роденден Театар Комедија!

 

 

Објавено:
29 март 2015
Категорија: 
Култура