Дали сте подготвени за авантурата Д Фестивал?

12 јули 2017

Во петок (14-ти јули) официјално почнува седмото издание на Д ФЕСТИВАЛ – единствената фестивалска авантура во Македонија која годинава чекори кон своето најголемо и најмасовно издание досега!

Потврдата за ова стигнува на неколку дена пред одржувањето на Фестивалот со најголемиот интерес досега кој резултираше со рекордната претпродажба од постоењето на Фестивалот и со веќе целосно распродаден и исполнет капацитет на фестивалкиот камп, дури и по неговото дополнително проширување од првично предвидениот капацитет! Маратонската тридневна музичка програма, атрактивните имиња на стотиците учесници, реакциите и интересот на публиката, огромниот број на специјални гости во дополнителната програма се само дел од фактите кои говорат дека пред нас е највозбудливото издание досега и дека за време на Д ФЕСТИВАЛ од 14-ти до 16-ти јули, Дојран ќе биде најпосакувана дестинација во Македонија.

Во продажба остануваат тридневните и еднодневните влезници кои овозможуваат пристап до комплетната програма на фестивалот за соодветниот период, без опција за кампување на Фестивалот. Актуелната промотивна цена на тридневните влезници кои чинат 600 денари ќе важи само до утре, (четврток, до полноќ). По овој рок, нивната продажба ќе продолжи за време на одржувањето на Фестивалот по полната цена: 800 денари. Еднодневните влезници, за било кој ден од Фестивалот чинат 300 денари. Сите информации за билетите се достапни на овој линк.

Објавено:
12 јули 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
97 пати