Продолжува промотивната понуда „4+1“ за Д Фестивал

1 јули 2015

Студентската акција „4+1“за петтото јубилејно издание на Д Фестивал што оваа година ќе се оддржи од 17 до 19 јули во Дојран, продолжува и во новиот контигент на карти по промотивна цена.

„На наше задоволство и за радост на сите оние кои изминативе денови постојано ни испраќаа пораки со прашања за истекот на рокот, во чест на скромниот петти јубилеј, Д ФЕСТИВАЛ ја продолжува промотивната, како и студентската „4+1“ акција. Имено, поради извонредниот интерес и на барање на голем број фанови кои не стигнаа до 1. јули да ги обезбедат своите влезници за Д ФЕСТИВАЛ, по распродажбата на првиот, промотивната цена и студентската акција 4+1 продолжуваат да важат и за вториот контингент влезници! Во продажба се достапни уште една количина од ограничен број влезници за кои оваа акција продолжува да важи сѐ до нивната распродажба. Сите студенти добиваат уште една прилика да ги комплетираат своите екипи за единствената фестивалска понуда ова лето“ велат од Password продукција.

 

Во рамки на студентската акција „4+1“ секоја екипа од четворица која заедно ќе ги купи своите влезници за Д Фестивал, ќе добие петта влезница гратис за уште еден член на друштвото. Оваа акција се однесува на тридневните влезници со гратис камп кои истотака сѐ уште ќе се продаваат по промотивната цена од 600 денари, додека еднодневните влезници чинат 250 денари за петок (17. јули) и сабота (18. јули), а 350 денари за недела (19. јули).

Влезниците за ова исклучително фестивалско доживување кое ќе се одвива од 17. до 19. јули во Дојран, се достапни преку продажната мрежа на МКтикетс.

Комплетната програма на фестивалот може да ја најдете на следниов линк.

Објавено:
1 јули 2015
Категорија: 
Култура