Многу се ретки оние луѓекои го имаат создадено и задржано својот интегритет. Ретка сорта се, како во изумирање. Велат дека нив им се препишуваат неколку карактеристики кои ги прават доследни.
1.Го почитуваат времето на оној другиот
Тие почитуваат туѓо време, но пред сè го почитуваат сопственото. Тие знаат дека има многу други места кои треба да се запознаат, освојат и нема да ве задржуваат. Ако минувате време со нив тие ќе ви се заблагодарат за времето поминато заедно.
2. Даваат поддршка каде е потребно
Тие нема да ве поддржат во работи кои не ги прават, ќе ве поддржат кога заслужувате. Ако работите заедно на некој проект тие со задоволство ќе го истакнат вашето име и придобивка.
3. Автентични се
Тие сами по себе се форма на доверба. Нема никогаш да ги фатите како лажат или како сакаат да бидат некој друг.
4. Секогаш се искрени
Искрени се затоа што немаат потреба да лажат. Важно им е да стигнат до целта со сопствената искреност и сакаат да живеат на тој начин и никако поинаку.
5. Никогаш нема да ја искористат предноста на оној другиот
Тие не се такви личности да ве искористат ниту пак да ве злоупотребат, да ве прелажат и да бидат пред вас ако тоа не е нивна заслуга. Тие сакаат да помогнат во вашата кариера, ви помагаат во мигови кога сте им најпотребни. Да земат нешто од некој друг и тоа да си го препишат на себе тоа нема никогаш да се случи.
6. Не се расправаат преку несогласувањата
Тие ќе дискутираат на еден цивилизиран начин или пак нема воопшто да дискутираат. Нема никогаш да ги присилите да се расправаат со вас за нешта кои се потполно смешни и апсурдни. Ќе ве остават сами да се расправате.
7. Ги претпочитаат луѓето кои се сомневаат во нештата
Тие во секој го бараат најдоброто. Тие сакаат да имаат околу себе исто луѓе со интегритет затоа што веруваат дека само на тој начин ќе опстане светот. Нивната теза е ако многу малтретираш луѓе околу себе стануваш здодевен и те откачуваат.
8. Тие знаат кога некој многу досадува
Имаат неверојатна интуиција кога нешто се случува. Ако некому не му оди тие тоа го забележуваат. Ќе направат сè за да ви помогнат или да ве развеселат.
9. Тие веруваат на другите
Го прифаќаат вашиот збор се до оној момент ако не се докаже спротивното. Тие не умеат да лажат. Ако еднаш ги прелажете, бидете сигурно дека повеќе никогаш нема да ве есапат за сериозни.
10. Тие први се извинуваат
Ако направиле нешто што не треба ќе дојдат први да се извинат. Тоа е нивниот начин. Ќе направат сè за да ги поправат грешките.
11. Секогаш прават добри нешта кога можат
Тие секогаш ќе помогнат на другите луѓе. Сакаат да влијаат убаво врз нечиј живот, тоа им дава смисол на нивниот живот.
12. Секогаш се љубезни кон оние на кои им треба помош
Да бидеш љубезен е потребно да поминеш долг пат. Тие го осветлуваат патот со нивната љубезност секојдневно. Оние луѓе кои имаат интегритет љубезноста им е природна состојба на умот.
Луѓето со интегритет се оние кои ги негуваат убавите нешта во себе!