Дали сте за малку љубов...?

27 февруари 2017

....Ако одговорот е ДА, тогаш топло ви препорачуваме да ја посетите самостојната изложба на талентираната фотографка Ерина Богоева, насловена „Четири годишни времиња и малку љубов" во среда со почеток во 20 часот во концептуалната продавница Wonderlust на ул.Македонија.

Човекот како неделив спој со природата на свој начин ги доживува нејзините различни промени низ циклусот на нашето поднебје како четири годишни времиња. На истиот начин и фотографот и низ својата душа и низ својот објектив ја овековечува симбиозата на промените во природата и своите чувства. Ако вашите спомени за годишните времиња се поклопат со окото на фотографот во одредената секвенца во која е создадена фотографијата тогаш би било убаво тој спомен да можете да си го однесете дома или да го подарите некому. А љубовта....? Што сѐ може да се каже за љубовта....?! Но, во овој случај за неа проговорува уличната уметност со многу едноставен јазик одново во вид на безверемен кадар во објективот на фотографот. И одново, прикажано на овој начин, таа љубов станува достапна до сите нас.

Ерина Богоева

Изложбата е од продажен карактер.

 

Објавено:
27 февруари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
134 пати