Дарја Ризова повторно најдобра актерка - овој пат на Фестивалот на актерот во Коњиц - БиХ

14 јуни 2022

На деветтиот Фестивал на актерот во Коњиц на кој учествуваа девет професионални театри од регионот: Србија, Хрватска, РС Македонија и БиХ, нашата актерка Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот" по текст на Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ.

Како што истакна и директорот на фестивалот, Бенјамин Мушиновиќ, радува фактот што оваа награда како жири-комисија ја доделува самата публика. За разлика од другите театарски фестивали, жирито на овој фестивал го сочинува само публиката која го избира најдобриот актер и актерка. За театарските работници тоа е најчесното. Фестивалската програма завршува со прогласување на најдобра актерка и најдобар актер на 15 јуни 2022 година.

Повеќе за претставата можете да прочитате на следниот линк.

Објавено:
14 јуни 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
92 пати