Даските на четири тркала-инспиративен спорт за жените од 70-тите

30 јуни 2014

Иако многумина мислат дека скејт бордингот не важи за женски спорт, сепак голем број жени го имаат докажано спротивното и гордо ги возат своите скејтови. Можеби на мажите ќе им падне малку тешко, но според анкетите жените подобро се снаоѓаат на даските со четири тркала од нив.

Скејтерството како спорт, уживаше во својата популарност особено во 70-тите години, кога всушност женските скејтери го афирмираа на светската сцена како спорт кој изобилува со страст, желба и слобода на изразување. Не можеме, а да не го забележиме урбаниот и кул изглед кој девојките во тоа време го негувале и бил комплетно во духот на тогашните трендови, но со акцент на удобноста поради акробатските движења и одржувањето на баланс кој го бара овој спорт.

Ретро фотографиите отсекогаш биле стимул за создавање на нови правци особено во уметноста, тие служат како спомен од едно време но и како поттикнувачи за креирање на нешто ново и оригинално. Кратките панталони и маичките по кратки ракави во жив колорит биле основни парчиња во нивниот стајлинг, па дури и  штитниците на колената, високи чорапи и удобните  патики стилски ги комбинирале, покрај нивната практична функција.

Бидејќи ни се чини инспиративно, денес решивме да ги разгледаме албумите од фамозните 70-ти и да ви го доловиме духот на тоа време преку моќта на скејтерството како спорт кој дефинитивно бара и соодветен аутфит.

 

Објавено:
30 јуни 2014
Категорија: 
Култура