Скејт авантура со Pull&Bear

17 ноември 2014

Модниот бренд Pull & Bear за новата кампања за месец ноември, реши да се насочи кон носливи парчиња за дневни стајлинзи, со наслов „pullfreestylers“. За потребите на кампањата, се вклучени модели од различни светски метрополи, но и вистински скејтери, кои во краткото видео зборуваат за своите почетоци и љубовта кон овој спорт.

Pull & Bear во новата есен-зима колекција нудат волуменозни капути со крзнени детали, „цигара“ панталони, фармерки, кратки кожени јакни, маици со впечатливи натписи, капи и шалови. Несомнено оваа линија дефинитивно ќе и се допадне на помладата популација и сите оние фанови кои се верни на алтернативната сцена.

Преземено од Buro 24/7

Објавено:
17 ноември 2014
Категорија: 
Колекции