Конечно е објавена новата есен – зима колекција за сезоната 2014/2015 на популарниот „стрит“ бренд Асос што девојките едноставно го обожуваат!
Во одличниот едиторијал што го подготви брендот за претстојната сезона, трендсетерките ќе најдат модели како едноставни и носливи кошули со пруги, шик здолништа со висок струк, различни видови на плетеници, но и тренди капути во темни бои.
Како и секогаш, Асос и овојпат се погрижи девојките да не заборават на важноста на модните додатоци, па токму поради тоа ланираше и прекрасни крзнени наметки, шик зимски плетени капи, уникатни чорапчиња и хулахопки, како и чевли на ултра високи потпетици.
Во однос на боите и стилот на парчињата, брендот повторно ни предлага интересни принтови, карирани моменти, комбинации на спортски стил и елегантни кроеви, и актуелни трендови како тесни и широки здолништа со висок струк.
Ако сѐ уште не сте почнале со есенскиот шопинг, на веб страната на брендот брзо ќе ги пронајдете сите парчиња за кои веруваме дека ќе ви бидат верни пријателки следната сезона!