По заминувањето на Валентино Гаравани во пензија, модната куќа реши дизајнот и креациите да ги насочи кон освојување на помладата публика и тоа пред се, со одличната понуда на модни додатоци и чевли, кои за неколку сезони ги освоија симпатиите на модните трендсетерки.

Линијата RedValentino ја доживува својата кулминација на модната сцена и тоа благодарение на уникатниот модел на чевли, односно салонки чиј заден дел е со мотив од лисица. Несекојдневниот, креативен и впечатлив модел на чевли од Валентино, се предвидува да биде најбаран модел за оваа есен, а може да се набави на официјалната страна на Net-A-Poret.

Преземено од Elle.hr
Објавено:
15 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци