Малбери има нов креативен директор

28 ноември 2014

Фановите на Малбери почнаа да се сомневаат во вистинските причини за заминувањето на Ема Хил од брендот, но и за долгиот временски период за пронаоѓање на дизајнер кој ќе ја замени. Финансиската криза дополнително влијаеше за создавање на негативна слика во јавноста, но сега веќе сето тоа е зад брендот, на чие чело застана Џон Кок.

Модниот дизајнер со работа официјално ќе започне од осми јули, а покрај тоа што има студирано на престижниот Централ Сеинт Мартинс, има работено на линијата накит, чевли, кожени парчиња и модни додатоци во Селин и Луј Витон.

 

Преземено од Буро 24/7
Објавено:
28 ноември 2014
Категорија: 
Актуел