Малбери ја интерпретираше британската традиција

9 декември 2014

Додека сме во очекување Џон Кок да го преземе раководството во Малбери од наредното лето, дизајнерскиот тим на модната куќа ја лансираше пред – есенската колекција за 2015 година, инспирирана од богатата традиција на Велика Британија. Па затоа не случајно елементи од британската култура како чајот и дабот како мотив графички се обработени како апликации на романитчните фустани и волнените пуловери. Исто така, во колекцијата се вклучени плисирани здолништа, фустани со тантела, капути со строги линии и панталони со должина под колената.

Посебно внимание во целата колекција привлекуваат моделите на чанти кои се пред се практични и идеални во секојдневното функционирање, бидејќи лесно се синхронизираат со различни стилски комбинации.

Преземено од Buro 24/7
Објавено:
9 декември 2014
Категорија: 
Колекции