На конкурентниот пазар секојдневно се појавуваат нови лице и токму затоа едиторијалите, кампањите и договорите се неопходни за одредена девојка да биде успешен модел. Имињата на девојките кои се дел од оваа листа ги имаат импресионирано модните дизајнери, кастинг директорите, фотографите и уредниците на магазините.
Комбинацијата од престижни насловни страни, едиторијали, сликање на важни кампањи, како и учество на ревии на светски познати модни куќи, е неопходна за стекнување на култен статус. Меѓу девојките кои оваа година може да ја оценат како успешна, барем на професионален план се Саша Лус, Џорџија Меј Џегер, Иди Кембел, Андреа Диакон и Кендал Џенер и Гиги Хадид кои неодамна ја започнаа манекенската кариера, но им се предвидува светска слава.