Мини Маус и Кара Делевињ на насловна на Love
•
27 јули 2013
Покрај Мини и Кара насловна страна за десеттиот број на Love Magazine добија и манекенките Џорџија Меј Џегер и Еди Кемпбел. За новиот број на британскиот магазин наменет за сезоната есен-зима 2013/14 уредниците инспирација најдоа во Мини Маус, а манекенките во модните едиторијали носат украси за коса кои потсеуваат на ушите на оваа хероина од стриповите и кои за списанието ги креираа некои од познатите модни куќи. За стајлингот се погрижи уредничката Кејти Гранд, а фотографиите се на дуото Мерт и Маркус.