Дејвид Гилмор од „Пинк Флојд“ ги продаде своите гитари за да ја поддржи заштитата на нашата планета

25 јуни 2019

Култниот музичар Дејвид Гилмор, најпрепознатлив како гитарист и вокал на „Пинк Флојд", неодамна на аукција ја продаде својата импозантна колекција од 126 гитари, со цел да даде поддршка кон борбата против климатските промени.

Аукциската куќа „Кристис" објави дека се собрани 21,5 милиони долари од продажбата на колекцијата гитари на 73-годишниот Гилмор, а целиот приход ќе биде уплатен на сметката на „ClientEarth", непрофитна организација која се бори против климатски промени.

„Изборот навистина е толку едноставен и се надевам дека со продажбата на гитарите ќе им помогнам на „ClientEarth" во остварувањето на нивната цел", напиша Гилмор на Твитер.
Инаку, меѓу продадените гитари е и црниот фендер стратокастер од 1969 година, за која било постигната највисока цена, 3.975.000 долари, што воедно ја издвојува и како најскапата гитара што досега се продала на аукција.

Фото: CNN

 

Објавено:
25 јуни 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
84 пати