Денеска облечете шарени чорапи!

21 март 2020

Од 2006 година насекаде во светот се одбележува 21 март како Светски ден на лицата родени со Даун синдром, поради симболиката на датата и поради трите копии на 21 хромозом кои овие лица ги имаат.

Во последните десет години Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица родени со Даун синдром ВЕРА од Струмица, преку разни настани за подигање на јавната свест и прифаќање на овие лица го одбележува овој ден во Струмица.

Оваа година работевме на една кампања под наслов „Можам да Бидам“, односно се фотографираа лица со попреченост и деца со типичен развој и требаше да се случи една прекрасна изложба, но околностите се променија.

Изложбата ќе се реализира кога ќе биде сè во ред, а ќе биде ако сите ги слушаме препораките и седиме дома!

Но, од Вашите домови можете да ја дадете Вашата најголема поддршка на овие лица и оваа година сите заедно да го одбележиме овој ден.

Затоа ве замолуваме во сабота на 21 март облечете шарени чорапи.

Иницијативата да се носат шарени чорапи на овој ден започнала од организацијата наречена „Даун Синдром Интернешнл" за да ги поттикне луѓето да почнат да зборуваат за различности, уникатност, вклучување и прифаќање.

Откако ќе облечете шарени и различни чорапи сликајте се и постирајте ја сликата со хаштаг:

#21мартсветскиденналицатасодаунсиндром
#можамдабидам
#ситесмеисти
#седисидома

Извор: Здружение за поддршка и помош на лица со Даун синдром, ВЕРА, Струмица

Објавено:
21 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
416 пати