Дизајнерски ентериери со надмината креативност

6 мај 2014

Ника Зупанк е дизајнерка на ентериери која многу брзо стана позната во потесниот круг на европски реномирани дизајнери. Словенката, Зупанк  е добредојден гостин на разни саеми за ентериери во Милано, Париз, Лондон, Њујорк. Она што таа го создава се разни аксесоари за во домот и мебел кој е пред се елегантен со печат на европската култура. Дипломирала на Академијата за ликовни уметности и дизајн во Љубљана, каде великодушно бил примен нејзиниот талент и модерен дух. Нејзиниот архитектонски стил од изработката најчесто е насочен на предмети како играчки, лулки, светилки,софи, спални итн.

Во продолжение погледнете дел од нејзиниот дизајн кој не ретко создава визуелна игра која ве тера да се запрашате која е намената на конкретната креација.

Објавено:
6 мај 2014
Категорија: 
Култура