Милиони млади девојки ширум светот сакаат да бидат како Кејт Мос, но уште толку сакаат да имаат дневна соба како нејзината!
Британскиот топ модел неодамна ги отвори вратите на нејзиниот лондонски дом за ексклузивно видео интервју со Вог, по што се случи вистинска експанзија!
Покрај во одличното интервју, читателите на Вог можеа да уживаат и во одличниот ентериер на нејзината дневна соба.
Дејли Мејл покани тим од дизајнери – експерти да процени колкава сума на пари потрошила манекенката за да ја уреди дневната соба.
Дизајнерката на ентериер Селиа Сојер, ги процени речиси сите предмети што можевме да ги видиме во видеото, а кои се дел од собата на Мос, а резултатот дефинитивно ќе ве изненади.
Заедно со нејзиниот тим, таа успеа да ги пронајде истите или слични предмети низ Лондон, чија вкупна вредност изнесува неверојатни 120.000 евра.
„Кога ја гледам собата на Кејт Мос, повеќе од јасно е дека таа е голема вљубеничка во винтиџ стилот, кој се провлекува речиси низ сите предмети. Целата соба е микс на модерен и традиционален мебел, со одлични сиви и виолетови перничиња што одлично се вклопуваат во ентериерот. При создавањето на дневната соба, Кејт се одлучила за неутрална палета на бои, што на еден начин ме изненадува, бидејќи од неа очекував малку повеќе колорит, па можеби и поголем микс на текстури“, вели Селиа.
Дизајнерката додава и дека доколку на постоечкиот ентериер му се додадат маса и столчиња (што најверојатно постојат во другиот дел од собата што не беше во кадар), целосната сума потрошена на оваа соба би изнесувала околу 120.000 евра.