Дознајте како Икеа ги именува производите

26 август 2014

dezeen_ikea-launch_augmented-reality_2014_ss2_pan

Поради тоа што основачот на компанијата пател од дислексија, не сакал да производите да им дава броеви. Поради тоа осмислил возбудлив и интересен систем за давање на имињата на производите, пренесува Гардијан. Така, имињата што ви звучат чудно и бесмислено, вусшност имаат свое значење.

Софите, масичките за кафе, полиците за книги и квалите ги добиле имињата по местата во Шведска.

Гардероберите, креветите, мебелот за ходник називите ги добиле според имињата на места во Норвешка, додека пак килимите се именувани по локации во Данска.

ikea_paix

Трпезариските маси и столчиња носат имиња на места во Финска, додека работите за тоалет се именувани по езерата и реките во Шведска.
Кујнските предмети  носат име по шведските граматички термини, додека предметите за деца се именувани според цицачи, птици и придавки на шведски јазик.

Полиците ги носат имињата на занимањата во Шведска, а кујните имаат имиња по зачини, билки, риби, овошје. Столчињата пак имаат машки имиња,  додека пак женските се резервирани за материјали и завеси.

Објавено:
26 август 2014
Категорија: 
Култура