Две години без Принц...

21 април 2018

На денешен ден во 2016-та година, генијалниот музичар Принц замина во легендите.

На светот му остави пример за комплетен уметник и безвременска музика која ја промени музичката историја.

Принц е роден во Минесота во 1958 година. Првата песна ја пишува на седумгодишна возраст. Првата демо снимка пак, ја прави на 19 години, како дел од бендот „94 East" кој го основа со роднина. Наскоро се впушта и во соло кариера. Првиот албум го објавува во 1978 година, а со другиот што го носи неговото име, доживува голема популарност. Токму оттогаш ќе останат запаметени хитовите „I Wanna Be Your Lover" и „Why You Wanna Treat Me So Bad?".

Неговите албуми се продадени во преку 150 милиони примероци. Една од неговите препознатливости е тоа што експериментираше со многу жанрови од поп, фанк, џез, преку блуз, рок, хип-хоп, па сè до електроника, како и ексцентричната појава и настап.

Во негова чест денеска правиме листа на дел од нашите омилени песни со неговиот потпис.

Објавено:
21 април 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
100 пати