Џеки Чен ќе добие „Оскар“ за животно дело

3 септември 2016

Актерот кој често нѐ засмејуваше и ни ги покажуваше своите боречки вештини, Џеки Чен, годинава ќе го прими почесниот „Оскар“ за животно дело.

Покрај него, оваа награда ќе ја примат и режисерот на документарни филмови, Фредерик Вајзман, британската монтажерка Ен. В. Котеси и кастинг директорот Лин Сталмастер.

Со оваа почесна награда им се оддава признание за животниот придонес на филмската уметност.

Во соопштението од Академијата, претседателката Шерил Бун Ајзек вели дека тоа се „вистински пионери и легенди на својот занает“.

Чен (63) го сними првиот филм на осумгодишна возраст. Во текот на својата кариера режирал повеќе од 30 боречки филмови во Хонгконг, а ова ќе му биде првиот „Оскар“.

Инаку, на листата што неодамна ја објави „Форбс“ за најплатени актери, Џеки Чен се најде на второто место. Тој во 2016 година остварил заработка 61 милион долари. Пред него е ѕвездата на „Брзи и бесни“, Двејн Џонсон со 64.5 милиони долари, додека на третото место е Мет Дејмон со остварена годишна заработка од  55 милиони долари.

Објавено:
3 септември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
337 пати