Џентлмените повторно ќе возат низ улиците на Скопје за подигање на свеста за машкото здравје

22 септември 2020

Најголемиот хуманитарен глобален мото-хепенинг наречен The Distinguished Gentleman's Ride оваа година го слави своето петто издание во Скопје. Да се биде дел од ова глобално хуманитарно движење е секако чест но и обврска. Пред 5 години, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните мотоцикли и модата во борбата против машките болести. Детали околу глобалниот настан веќе не и се потребни на македонската и пред се скопската јавност, бидејќи овој настан веќе секој добро го познава, особено кога на улиците на главниот град, последниот викенд во Септември, ќе излезат повеќе од 150 "дотерани" моторџии со своите класични блескави машинини.

Сепак вреди да се спомене достигнувањето на глобално ниво, кое во изминативе 9 години за борба против ракот на простата собра повеќе од 24.5 милиони долари, а на кој настан зедоа учество над 316.000 учесници во повеќе од 104 држави во светот. Секако, и Макединија, односно Скопското издание има придонес во овие бројки од 2016-та.

Припремите за овогодинешнот издание на DGR'20, отпочнаа со вообичаено темпо, но глобалниот невидлив непријател со име COVID-19, го диктираше неговото продолжение. Ride solo together е новиот слоган под кој ќе се одржи овогодинешниот настан, кој се уште ги оддржува истите постулати - ширење на свеста кај машката популација и собирање на средства за борба против ракот на простата и машките самоубиства. И оваа година остануваме посветени на хуманитарната цел, заедно со сиот сјај кој го носи настанот - префинетите костуми и блесаквите машини, но овојпат секој учесник ќе вози соло - во својот град, но ќе останеме социјално поврзани и обединети со една цел - грижа за машкото здравје!

Фиксниот датум за оддржување на DGR останува непорменет - последната недела во септември, односно 27 септември е денот кога по скопските улици повторно ќе ги забележите префинетите Господа во фини костуми на своите "изгланцани" мотоцикли овојпат во соло издание но со иста мисија, се разбира дополнително обединети преку социјалните мрежи.

Објавено:
22 септември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
447 пати