Дотерани моторџии возеа низ Скопје во име на машкото здравје на 8-от “The Distinguished Gentleman’s Ride”

22 мај 2023

Скопските улици вчера беа „преплавени" со дотерани моторџии кои земаа учество на најголемиот глобален хуманитарен мотоциклистички хапенинг "The Distinguished Gentleman's Ride", кој во Скопје се одржа по 8-ми пат.

Пред 8 години, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните мотоцикли и модата во борбата против машките болести.
150 дотерани моторџии и нивните придружници, вчера беа задолжителен фолклор на Скопската хуманитарна мото парада, со цел да се оддржат добропознатите тематски постулати на овој настан – ширење на свеста кај машката популација и собирање на средства за борба против ракот на простата и машките самоубиства.

„Да се биде дел од ова глобално хуманитарно движење е секако чест, но и обврска. Пред 8 години, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните мотоцикли и модата во борбата против машките болести. Детали околу глобалниот настан веќе не и се потребни на македонската и пред се Скопската јавност, бидејќи овој настан веќе секој добро го познава, особено кога на улиците на главниот град, на 21-ти Мај, ќе излезат околу 150 "дотерани" моторџии со своите класични блескави машинини. Сепак вреди да се спомене достигнувањето на глобално ниво, кое во изминативе години за борба против ракот на простата собра повеќе од 37.5 милиони Долари, а на кој настан зедоа учество над 340.000 учесници во повеќе од 121 држави во светот. Секако, и Макединија, односно Скопското издание има придонес во овие бројки од 2016-та. Блескавилото на прекрсните мотоцикли и шармот на "дотераните" моторџии и оваа година беа задолжителен фолклор на Скопската парада. И овојпат остануваме посветени на хуманитарната цел, заедно со сиот сјај кој го носи настанот", се вели во официјалното соопштение за настанот објавено на www.gentlemanscrew.com.

Низ фотографиите ви пренесуваме дел од вчерашниот фолклорот на улиците на Скопје.

Фото извор: Инстаграм профил @ gentlemans_crew_skopje

 

Објавено:
22 мај 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.822 пати