Емотивни фотографии од брачен пар кој прославува 65 години брак
•
6 јули 2017
Харолд и Руби 65 години се во брак. Руби, пред неколку години краткорочно го изгубила паметењето, а тоа било предизвик за Меган Вон да си постави задача да ги фотографира и со тоа да ја овековечи љубовта и позитивната енергија која и по толку години, владее помеѓу овие луѓе.
Нејзиниот подарок за нив, се прекрасни, емотивни фотографии што ќе ги потсетуваат на секој неповторлив момент од нивниот заеднички живот.
Овој мини љубовен едиторијал е снимен во рустикален амбиент, на село, а Харолд и Руби секако се достојно облечени во свечена и елегантна облека.
Фото: Meghan Vaughan