Петгодишно девојче од своите цртежи создаде бренд
•
30 мај 2016
Руби е петгодишно девојче од Босна и Херцеговина кое обожува да црта и како и повеќето деца, има богата фантазија.
Но, малата Руби со помош на нејзината мајка и тетка која е графички дизајнер, успеа својата детска имагинација да ја претвори во вистинска уметност. Така настана нејзиниот бренд Ruby Red кој вклучува оригинални дизајни и цртежи пресликани на маички, туники и торби.
Симпатичните форми и ликови од фантазијата на Руби, сега се приказни раскажани преку интересни детали и пораки.
Фотографии: Modamo.info