Еден од најуспешните македонски модели Павле Николовски повторно ја потврди својата успешна кариера благодарение на неговите ангажмани во Босна и Херцеговина.

 

Неодамна, тој беше повикан да биде дел од кампањата за новата колекција на дизајнерката Емина Хусеџиновиќ, а беше дел и од фотосесија за познатиот магазин Hello. 

Минатата година, Николовски беше заштитно лице на српскиот бренд Barbosa, а се чини неговата успешна кариера на Балканот продолжува.

Покрај со неговата професионалност, манекенот успеа да го освои Балканот со карактеристичната  руса коса и одличните пропорции. 

„Во моментов се работи на уште еден голем проект во новата сезона, но да не ги откриваме сите детали“, велат од неговата матична агенција MODELS IN од Скопје.

Објавено:
11 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
532 пати