Портфолио Павле Николовски: Случајноста во модниот свет му донесе успех

28 октомври 2014

Манекенот и модел Павле Николовски, иако сосема случајно се најде во светот на модата, сепак после двегодишното искуство во оваа специфична професионална сфера,  е еден од поуспешните македонски машки модели.

Предизвикот и можностите кои ги отвораат ангажманите во манекенството ја заскокоткале неговата љубопитност и желба да се посвети на оваа работа. Со неговите 24 години, фит формата и неодоливата моќ за трансформација што е еден од основните предуслови за прогресивна манекенска кариера, за Павле може да констатираме дека одлично се снаоѓа во, до неодамна непознатиот терен за него.

Сепак, покрај физичките предиспозиции, дисциплината и одговорноста се значајни предизвици во професионалното манекенство, на кои Николовски бескомпромисно одговара, како што посочува и Алек Наумовски од неговата матична агенција Моделс ИН.

Еден од неговите последни ангажмани беше и фотосесијата со трендовски машки комбинации за едиторијал за Fashionel.

Неговите амбиции се насочени кон глобалната модна индустрија и желба да соработува со врвни светски имиња како Баленсиага, Гучи, Александар Меквин, Том Форд... Му посакуваме среќа во остварувањето на неговите амбициозни, но не и невозможни цели!

 

 

 

Објавено:
28 октомври 2014
Категорија: 
Портфолио