Павле Николовски – ново заштитно лице на модната куќа Барбоса

2 март 2018

По еднонеделен престој во Босна и Херцеговина и учество во неколку проекти, македонскиот модел со интернационална кариера, Павле Николовски во петокот се врати во Македонија со многу впечатоци и нови модни понуди.

Прво, по покана на организаторите Алтермедиа, Николовски настапи на ревијата на Модиана во рамките на Fashion Beauty Media Weekend.

Потоа, како заштитно лице на новата кампања на модната куќа „Барбоса" во Сараево имаше фото сесија со екипата која пристигнала од Белград. Стартот на кампањата е планиран за крајот на март, па така наскоро ликот на Николовски ќе го има на билборди и каталози на овој познат бренд.

Заедно со топ моделот Магдалена Лубура, Павле сними и едиторијал за Hugo Boss за списанието Ladies In.

Николовски за тамошните медиуми ќе изјави : „Престојот во Сараево ми беше одлично искуство, работев со извонредно професионални тимови, драго ми е што беа задоволни од соработката и веднаш ми предложија нови проекти."Неговата кариера во последните две години се одвива со многу забрзано темпо ,но тоа се должи на фактот што е одговорен ,принципиелен и голем професионалец вели Алек Наумовски од неговата матична агенција Моделс ИН од Скопје. Павле на големо се подготвува за предстојната сезона каде веќе е букиран за три нови проекти. Откако се врати во својата земја беше ангажиран од атеље Љутикова за нејзината нова машка линија која излегува наскоро.

Објавено:
2 март 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
538 пати