Со својот изглед и перформанси, nCycle велосипедот е замислен како превозно средство на иднината со кое ќе ги освојуваме градските улици.
Дизајнерите навистина направиле уникатен концепт за што подобро да го изработат надворешниот изглед на велосипедот во чиј процес на креирање се вклучени сите еколошки технологии. Во таа насока да напоменеме дека е осмислен ефективен начин против крадење (проблем со кој често се соочуват велосипедистите) со користење на nLock системот кој е директно вграден во кормилото на велосипедот и целосно го блокира неговото отклучување. Велосипедот има и простран џеб кој е сместен околу средната шипка и во чија внатрешност може да се смести помал багаж. Она што вистински фасцинира во поглед на дизајнот е тоа што nCycle може да се преклопи на половина и за неколку секунди да стане симпатична количка која е мошне флексибилна за пренос и не зафаќа простор за чување.
Овој модел на велосипед е опремен и со електричен погон, кој пак дополнително го олеснува движењето со помош на електро моторот кој е поврзан со акумулатор сместен во страничниот дел од телото на велосипедот. Дизајнерите на ова ремек дело не заборавија да вметнат и светилки. ЛЕД светлата се вградени во кормилото и осветлуваат многу поголема површина како напред, така и во задниот дел, но и во делот каде возачот ги врти педалата за разлика од стандардните модели на велосипеди. Се очекува првичната цена на овој изум на иднината да е околу 4000 долари.