И додека ние чуваме облека и предмети и многу тешко се ослободуваме од истите со изговор дека можеби ќе ни се најде за некогаш, Швеѓаните апсолутно немаат проблем со тоа.
Напротив! „Ретуна“ е името на трговскиот центар во Шведска, поточно местото Ескилстуна (во близина на Стокхолм), кој однадвор изгледа како и секој друг трговски центар, но со голема, суштинска разлика - во него се продаваат само рециклирани предмети.
Дел од предметите не само што се реклицирани, туку се и редизајнирани во нови, со нова употреба.
Така на пример, ламбата што ја гледате на фотографијата е создадена од носени кожени јакни.
Менаџерот на трговскиот центар, Ана Бергстром вели дека се работи за одржив шопинг во кој Швеѓаните уживаат, но и туристите.
„Светот го сака ова! Сите сакаат да бидат како нас“ вели Бергстром.
Инаку, локацијата на трговскиот центар не е случајна, бидејќи токму во Ескилстуна, а веднаш во трговскиот се наоѓа центарот за рециклирање. Граѓаните кои сакаат да се ослободат од стари предмети и облека, доаѓаат тука и ги оставаат, а потоа тие се рециклираат и/или се редизајнираат.
Постои тим што сите оставени предмети ги групира по категории, а потоа сопствениците на продавниците одбираат предмети кои ќе ги редизајнираат или пренаменат и (пре)продаваат во продавниците .
Трговскиот центар има вкупно 14 продавници, а во рамки на истиот има и школа за дизајн.
Како пренесува „Би-би-си“, минатата година, преку продажба на „секнд хенд“ предмети се остварил приход од 1.3 милиони долари.
Целиот прилог погледнете го во видеото во продолжение:
фото извор: facebook.com/ReTunaEskilstuna/; instagram.com/retuna_aterbruksgalleria;