Во време кога температурите се навистина високи и се чини дека конечно дојде вистинско лето, нема ништо подобро од уживање покрај базен со омилената книга.
Покрај стандардните базени, постојат и базени на покрив кои се вистински празник за очи и во кои не постои човек кој не би сакал да се избања.
Некои од нив се наоѓаат близу до нас, па не е невозможно да ги посетиме и да уживаме во магијата што ја нудат.
Покрај тоа што се неодоливи преку ден кога и најмногу нѝ треба разладување, истите се магични и кога ќе зајде сонцето, а очекувано, тогаш се прават најдобрите коктел забави.
Два од најдобрите базени на покрив се наоѓаат во неповторливиот Миконос, еден во прекрасната Шпанија, а другите на малку подалечни, но не недостижни дестинации како Тајланд и Бразил.
Во галеријата погледнете дел од нив и одлучете се каде ќе уживате ова лето.
Инфо и фото: Buro 24/7