Футуристички изглед на новиот бутик на Прада
•
2 јули 2014
Сместен во шопинг центарот L'Avenue новиот бутик е на површина од 100 квадратни метри и е дело на архитектот Роберто Бачоки. Низ целиот продажен салон е застапен мотивот на кристални завеси кои придонесуваат бутикот да добие футуристички предзнак. На приземјето е женскиот оддел, а еден спрат подолу машкиот и двата дела се поврзани со елегантно изработени мермерни скали.
Бутикот е целосно уреден во стилот на Прада, односно црно - бел мермер на подот и минималистички челични полици со стакло за ексклузивните модни додатоци како капи, шалови, чанти и ракавици. Просторијата за чевли е опремена со луксузни Verner Panton софи со зелено кадифе специјално изработено за Прада.