Нова футуристичко модернизирана продавница на Прада во Токио

12 октомври 2013

Денес во јапонската престолнина и град во кој модата секогаш е проследена со футуристички предзнак, италијанската модна куќа Прада на простор од 10.667 квадратни метри ќе ја отвори својата нова продавница.

 

 

Продавницата е на три ката, а ентериерот делумно го задржува класичниот изглед на Прада со црно бели мермерни  подови, модни додатоци во зелена боја, мебел изработен од стакло и многу огледала. Архитектот Роберто Бачоки сакал на просторот да му даде леснотија и транспарентност, место каде боите на сончевите зраци ќе може да се прекршуваат и да ја обојат продавницата во нијансите на виножитото. Во бутикот ќе се продава облека и модни додатоци за мажи и за жени.

 

 

Фасадата на Прада е во 3D варијанта, со структура од златен и полиран челик и тесни панели, кои му оддаваат почит на работата на француско-венецуелскиот уметник Карлос Круз Диез.

Објавено:
12 октомври 2013
Категорија: 
Актуел