Хрватите се збогуваат од Оливер со песна

30 јули 2018

Смртта на пејачот Оливер Драгојевиќ длабоко ја потресе цела Хрватска, но и регионот. Миленикот на бројни генерации не ја доби битката со ракот на белите дробови, но со своите песни и начин на живот длабоко се врежа во секој што слушнал макар една негова песна. 

Сакајќи да ја искажат сета своја љубов, благодарност и жалење, граѓаните ширум Хрватска, а пред сè во Сплит, родната Корчула, Задар се збогуваа со великанот пеејќи ги неговите песни.

фото извор: https://www.facebook.com/pg/OliverDragojevicOfficial/photos/

Од видеата што кружат по социјалните мрежи, може да се види како стотици граѓани на плоштадите се приклучуваат и ги пеат дел од неговите најголеми хитови.

Во меѓувреме, во хрватските медиуми се појави и веста дека утре во Хрватска ќе биде прогласен Ден на национално сочуство во чест на починатиот уметник. Во соопштението на владата се појаснува дека  Денот на национално сочуство, за разлика од Ден на жалост, не подразбира откажување на претходно планирани приредби.

Како сограѓаните го испратија музичкиот великан, погледнете во продолжение:

 

 

 

 

 

Објавено:
30 јули 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.015 пати