Најпознатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ одморот го поминува крстарејќи по јадранското крајбрежје, а деновиве е во Хрватска во друштво на неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ и двајцата браќа Марко и Ѓорѓе.
instagram_24sata
Победникот на Вимблдон уживаше на семејна вечера на Корчула, пеејќи ги познатите песни на покојниот Оливер Драгојевиќ.
За време на престојот на Корчула, тој без проблем се фотографираше со локалните мештани кои беа воодушевени од тоа што го гледаат.
View this post on Instagram
На неговиот Инстаграм профил тој објави видео на кое се гледа како ја пејат познатата песна од Драгојевиќ, „Kad mi dodjes ti“, заедно со музичката група и сопругата Јелена.
View this post on Instagram
„Магична вечер. Пееме со музичари од Корчула. Прекрасно искуство. Благодарен сум што ваквите посебни моменти можам да ги споделам со Јелена“, напиша тенискиот ас под видеото објавено на Инстаграм. Претходно, сподели и фотографија со неговите браќа на која се гледа како го прославуваат роденденот на помалиот, Ѓорѓе.
View this post on Instagram
Покрај видеото, тој објави и неколку фотографии снимени со дрон на кои се гледа како тој и Јелена уживаат на гуми во вид на пеперутки, а хрватските медиуми само потврдија дека ова е одлична реклама за нивниот туризам.