Новак Ѓоковиќ изминатиов период престојува во Белград, каде покрај дружбата со семејството и пријателите, дочека и дел од светски познатите имиња од тенискиот свет.
View this post on Instagram
Доминик Тим, Григор Димитров и Виктор Торицки се дел имињата што ќе земат учество, а најавени се и други големи тениски имиња од Европа.
Поводот за нивното доаѓање беше хуманитарниот спортски настан што го организира Ѓоковиќ, „Adria Tour“, кој ќе биде составен од неколку дела.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Првите натпревари се одиграа викендов во Белград, а победникот е Доминик Тим, следат натпреварите во Хрватска, (Задар, 20-21 јуни), потоа Црна Гора (27-28 јуни) и Бања Лука (3-4 јули).
За жал Македонија е одмината, но тоа не ја намалува позитивната страна на настанот.
Сите собрани средства ќе бидат наменети за хуманитарни проекти ширум регионот, меѓу кои се и програмите на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ за ран развој и образование на децата.
View this post on Instagram
Воедно, со овој настан, организаторите сакаат да им помогнат и на тенисерите да се вратат во форма, после долгата пауза предизвикана од пандемијата.
Системот на натпреварување кој ќе се применува се вика „Round Robin",што значи дека секој игра со секого, во две групи, по четири играчи. Односно, секој тенисер ќе има по два меча и уште по еден меч во група, за потоа во финале да се најдат двајцата најдобри.
Програмата вклучува и дублови со познати личности, како и тениски манифестации за деца. Натпреварите ќе бидат пренесувани на каналите на Спортклуб.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram