Хуманитарна изложба со портрети од јавни личности поставена во „Јавна соба“

28 април 2017

Вчера во „Јавна соба" беше поставена хуманитарна изложба на уметницата Ана Марковска со наслов „Живот со стил" во рамките на која беа портретирани јавни личности од домашната сцена, кои пак со самото купување на своите портрети донираа за здружението „Во мојот свет".

„Живот со Стил" е партиципативен, мултимедијален ликовен проект со хуманитарен карактер, во кој земаа учество повеќе јавни личности (Елена Пандева, Елена Стефановска, Лила Филиповска, Бојана Скендеровски, Елена Велевска, Љубица Јаневска, Мелина Милески) кои од Марковска ги купија своите портрети, а парите ќе бидат донирани како социјален пакет на здружението „Во мојот свет" кое им помага на децата со аутизам, АДХД или аспергеровиот синдром. За оваа изложба, уметницата се инспирирала од истоимената емисија „Живот со Стил" на Елена Стефановска.

Изложбата ќе биде отворена до втори мај.

Објавено:
28 април 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
288 пати