Со овој фасцинантен цитат од расказот на Димитар Солев „Во дрвениот мост на детството“, денеска би сакале да ве потсетиме на неколку значајни фотографии од времето пред и после катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Имено, во Музејот на град Скопје, денеска во 20:30 часот , во рамките на одбележувањето 52 години од катастрофалниот замјотрес во Скопје, ќе биде отворена и изложбата „Скопје 1963 - пред и потоа“.

Токму денеска, ние ве потсетуваме на неколку фотографии од прекрасното, старо Скопје и ретки фотографии од земјотресот, како дел од филмот „Мементо“ на Димитрие Османли.

Фотографиите се преземени токму од неговиот син, Томислав Османли.

Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случил на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Како резултат на земјотресот, од 1000 до 1100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени.

Бројот на лицата кои останале без дом бил 200.000. Земјотресот од 1963 е една од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија.

По земјотресот, градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. 

Кензо Танге

Во текот на денот, ќе се одржат и бројни настани за одбележување на 52 – годишнината од земјотресот, меѓу кои и изложба на младиот македонски уметник Иван Петрушевски – Флим, со наслов „Херои и нули“,проекција на документарниот филм за култните Леб и сол, „Каша“, во режија на Дарко Марковиќ, па концертен настап на групите Sethstat & Мирко Попов, Khara и Сусијат, а сето тоа во МКЦ.

Објавено:
26 јули 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
856 пати