Ена Зафировска: Работата на Кензо Танге преточена во креации

5 април 2017

Неодамна во Љубљана, во рамки на модната недела, пред тамошната публика, младата дизајнерка Евгенија Зафировска ја презентираше новата колекција, инспирирана од работата на јапонскиот архитект Кензо Танге.

Таа претстави креации каде доминираат геометриските елементи. Особено внимание е посветено и на рачната изработка.

-По катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, јапонскиот архитект Кензо Танге, како еден од најзначајните архитекти на 20 век беше избран да го редизајнира и обнови центарот на градот Скопје. Тој успеа да ги комбинира традиционалните јапонски стилови со модернизмот и успешно ја имплементира модерна архитектура, покрај бруталистичката архитектура (стил кој се карактеризира со геометриски теми и суров бетон), широко распространета во поранешниот комунистички областа на Југославија.Бев инспирирана од неговата работа, од неверојатните агли и линии, триаголници, квадрати и правоаголници, кои некако хармонично се спојуваат – објаснува Зафировска.

Таа додава дека кога и да погледнете во неговите дела, наоѓа нешто ново и секогаш одново ја инспирира.

-За оваа колекција ги истражував шемите и структурите на неговите згради, одвнатре и однадвор. Сакав да создадам чувство на драма, нагласувајќи ги острите агли и поигрувајќи си со различни тонови, металик боја, текстилни иновации. Акцентот е на рачно изработените модели во комбинација со геометриски елементи. Чевлите исто така се рачно изработени инспирирани од јапонската традиција. Силуетата е мешавина на контрасти, чувство на симетрија и рамнотежа кои ултимативно креираат кохезивна композиција – вели дизајнерката.

Колекцијата е наменета за жените кои се разновидни, силни и сензуални, но во исто време строги и мистериозни. 

Погледнете:

Објавено:
5 април 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
334 пати