Колекцијата на Ена Зафировска инспирирана од Кензо Танге доби едиторијал

2 мај 2017

Младата дизајнерка Евгенија Зафировска, која живее и се усовршува на полето на модниот дизајн во Љубљана, неодамна презентираше колекција инспирирана од работата на јапонскиот архитект Кензо Танге.

Сега, таа приказна ја надогради со едиторијал. Презентираниот амбиент одлично се вклопува со креациите каде доминираат геометриски елементи.

Евгенија Зафировска

Зад фотографиите се потпишува Дан Бришки, а креациите ги носи моделот Маша Ферме.

- За оваа колекција ги истражував шемите и структурите на неговите згради, одвнатре и однадвор. Сакав да создадам чувство на драма, нагласувајќи ги острите агли и поигрувајќи си со различни тонови, металик боја, текстилни иновации. Акцентот е на рачно изработените модели во комбинација со геометриски елементи. Чевлите исто така се рачно изработени инспирирани од јапонската традиција. Силуетата е мешавина на контрасти, чувство на симетрија и рамнотежа кои ултимативно креираат кохезивна композиција – изјави претходно дизајнерката, а токму тоа се насетува и од оваа визуализација, во што ќе се уверите и самите:

 

Објавено:
2 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
508 пати