Илон Маск е личност на годината според „Time“

14 декември 2021

Милјардерот, иноватор и најбогатиот човек на светот, Илон Маск е прогласен за личност на годината според етаблираниот магазин „Time" на традиционалниот избор што го спроведува од 1927 година.

Како што се наведува во соопштението од уредништвото на „Time", Маск во 2021 година не само што билнајбогат човек на светот, туку остварил и најголемо општествено влијание, како и голема трага на нашата планета Земја.

Фото: Time

Основачот на „Tesla" и „SpaceX" успеа да го надмине Џеф Безос, основачот на Амазон и да се искачи на највисоката позиција на листата на најбогати луѓе на глобално ниво.

Престижната награда за линост на годината, магазинот „Time" ја доделува врз основа на проценките за влијанието што една личност го имала на светско ниво.

Објавено:
14 декември 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
82 пати